Кристофер Нкунку ги брои последните денови на „Стенфорд Бриџ“. напаѓачот не е задоволен од статусот што го има во тимот и порачал на клупските челници дека сака да го напушти Челси.
Нкунку одигра само 910 минути во 27-те натпревари колку што беше на теренот оваа сезона. Често имаше проблеми со повреди, а најчесто беше стартер во Конференциската лига. Во ова натпреварување тој постигна пет гола и забележа три асистенции во девет натпревари.
Сепак, тој не е задоволен од статуст, сака да го напушти тимот иако неговиот договор со Челси истекува само во 2029 година. Ова би значело и дека Челзи би можел да заработи од заминувањето на поранешниот напаѓач на Лајпциг и ПСЖ.
Нкунку е желба на речиси сите клубови во Премиер лигата кои се во горниот дел од табелата. Медиумите го поврзуваат со Манчестер Јунајтед и Тотенхем. Засега нема конкретни понуди испратени на адресата на лондонскиот клуб, но се водени разговори со менаџерот на играчот и многу е веројатно дека Нкунку ќе остане во Премиер лигата.
Челзи се надева дека ќе заработи околу 35 милиони евра. За споредба, Нкунку дојде во Челзи од Лајпциг за 60 милиони евра.