Top Sport

Ноер ги спаси Баерн, стативата ги спаси ПСЖ – 0:0 по 45 минути од големото финале

На стартот на мечот, Килијан Мбапе двапати се најде во шанса за неколку минути, пред во 19-тата минута Мануел Ноер да го спасува голот на Баварците, откако Мбапе му асистираше на Нејмар, а тој успеа да ја погоди ногата на голманот.

Само три минути подоцна, Роберт Левандовски ја покажа својата сила, откако во првата своја шанса ја погоди стативата, а Кејлор Навас веќе беше совладан.

По половина час игра, ПСЖ беа блиску до гол, кога по слободниот удар на Нејмар, Андер Ерера имаше одличен удар, кој се „закачи“ во Томас Милер. Само две минути подоцна, Баерн, кои дозволија ПСЖ да има повеќе од топката во нозете, се заканија преку Левандовски по одличното нафрлање на Гнабри, но Навас беше на место.

Scroll to Top