Top Sport

Ѓоковиќ се повлече од двојките на Синсинати Мастерсот

Новак Ѓоковиќ се повлече од мечевите во двојки на Синсинати Мастерсот, каде што требаше да игра со Филип Крајиновиќ поради повреда на вратот за да биде подготвен за настап на САД опен.

Мастерс 1000 турнирот оваа година поради корона вирусот се игра на истите терени како САД опен, и требаше да биде прв официјален настап на Ѓоковиќ по враќањето на тенисот, но Србинот има мала повреда на вратот поради која не сака да ризикува.

Ѓоковиќ првиот меч во сингл на турнирот го има во вторник и нејасно е дали ќе биде подготвен за игра.

Scroll to Top