Доколку не постигне договор и не го продолжи договорот со Баерн голманот Мануел Ноер би можел да се пресели во Челси. Ноер има договор со Баерн до јуни 2021 година, а како сега стојат работите тој нема да потпише нов.
„Билд“ објави дека првиот состанок на менаџеорт на Ноер со челниците на Баерн траел само четири минути. Причината е што Баерн на голманот му нуди да го продолжи договорот на една година, до 2022.
Ноер посакувал договор до 2024 година, меѓутоа Баерн не сака да отстапи од клупската политика на фудбалерите постари од 30 години да не им нуди договори подолги од една сезона.
Поради ова „Билд“ тврди дека е можно Ноер да донесе одлука по завршувањето на сезоната да го напушти клубот. Според овој извор доколку се случи ова сценарио тогаш новиот клуб на Ноер ќе биде Челси.
Френк Лампард не е задоволен од формата на Кепа Аризабалага.
Инаку Баерн веќе донесоа голман што треба да го замени Ноер. Тие во јануари се договорија со голманот на Шалке Александар Нибал.