Чуварот на мрежата на минхенски Баерн, Мануел Ноер е незадоволен од развојот на настаните во германскиот шампион откако стана познато дека е договорено на „Алијанц Арена“ од следната сезона да биде актуелниот голман на Шалке 04, Александер Нибел.
Планот на Баварците е 33-годишниот Ноер да остане прва опција на голот, а на својот наследник да му препушти 15 натпревари во текот на сезоната.
Германски „Билд“ пишува дека Ноер децидно го одбил ваквиот предлог одговарајќи дека никому нема да препошти ниту еден меч.
Поради тоа, „France Football“ открива дека лутиот голман е пред сензационален трансфер во торински Јувентус.
Договорот до баварскиот клуб му истекува летото 2021 година, па следново лето италијанскиот шампион не би требало да одвои голема сума за негов трансфер во Торино.
Управата на „Старата дама“ е незадоволна од голманот Војчех Шчесни и се во потрага по подобра опција на голот. Тој избор, според информациите, паднал на Ноер кој голот на Баерн досега го чувал на 362 меча.