Top Sport

Јунајтед „пазари“ во Мадрид, го носи на „Олд Трафорд“ Маркос Љоренте!

Манчестер Јунајтед заврзано работи на доведување играч од средниот ред откако Пол Погба е отпишан поради повредата на глуждот, додека Скот МекТоминај е подолг период надвор од терените поради повреда на коленото.

Локалниот „Manchester Evening News“ пишува дека менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер решението го бара во Мадрид, кај Атлетико. Мета е креативецот Маркос Љоренте.

Се работи за играчот за кој летоска „јорганџиите“ му платија 30 милион евра на Реал Мадрид, но кој кај Диего Симеоне не се изнаигра.

Предност кај аргентинскиот стручњак на таа позиција имаат Саул Нигез, Томас Парти, Коке и Хектор Херера, па затоа Англичаните сакаат да го доведат Љоренте на 6 – месечна позајмица.

Фудбалерот во Ла Лига настапи само на 3 меча во почетниот состав, а во ЛШ одигра само 9 минути.

Scroll to Top