Top Sport

Ноер размислувал да го напушти Баерн

Искусниот голман Мануел Нојер размислувал да го напушти Баерн Минхен, открил неговиот менаџер Томас Крот.

Наводно, Нојер бил загрижен дека тимот не е доволно силен за да биде конкурентен во Лигата на шампионите.

„Ток сака да го освои наредното Европско првенство и повторно да победи во Лигата на шампионите“, рекол Крот.

„Мануел го интересираат само успесите. Разликата помеѓу клубовите во Европа веќе е голема, а составот на Баерн не е конкурентен ниту е на нивото на кое Нојер сака да биде. Неговиот договор важи до 2021 година. Сега треба да реши што ќе прави во иднина. Една од опциите е да го продолжи договорот. Логично е кариерата да ја заврши во Баерн, но тоа не е единствената опција“, заклучил менаџерот на голманот на Баерн.

Нојер го носи дресот на Баерн веќе осум години, вкупно одиграл 336 натпревари.

Scroll to Top