Top Sport

Ноер се враќа по долгата пауза

Голманот на Баерн и германската репрезентација Мануел Ноер (37) ќе брани на утрешниот натпревар против Дармштад, потврди тренерот на германскиот шампион Томас Тухел.

Ноер е надвор од терените од почетокот на декември минатата година кога на скијање ја скрши потколеницата на десната нога.

„Тој ќе брани утре ако не се случи ништо неочекувано денес. Тој е возбуден, ние сме возбудени, многу луѓе се возбудени поради тоа. Уверен сум дека брзо ќе биде фит, а сега ќе и веруваме на неговата интуиција и искуство. Потребни му се натпревари. Тој е подготвен за нив веќе неколку недели, а сега ќе ја добие својата шанса“, рече Тухел.

Ноер одигра 489 настапи за Баерн и освои 27 трофеи, вклучувајќи десет титули во германското првенство и две титули во Лигата на шампионите.

Scroll to Top