Мануел Нојер веројатно во летниот преоден рок ќе го напушти Баерн Минхен. „Билд“ објави дека првата рунда преговори помеѓу менаџерот на Нојер и челниците на Баерн Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан завршила неуспешно.
Договорот на Нојер истекува во 2021 година, тој сака да остане во Баерн но не се согласува платата да му биде намалена.
„Билд“ тврди дека менаџерот Томас Крот по само четири минути го напуштил состанокот со Салихамиџиќ и Кан.
Според овој извор постојат две сценарија зошто Крот го напуштил состанокот.
Баерн му понудиле далеку помала плата, односно му понудиле нов едногодишен договор.