Еден од најдобрите светски голмани во последните години Мануел Нојер го шокираше целиот свет откривајќи дека минатата година има тумор.
Нојер изминатите две недели не брани за Баерн. Има повреда на рамото, но се очекува тој да биде подготвен за Светското првенство во Катар.
Во целата оваа ситуација беше откриена информација дека голманот на Баерн лани имал рак на кожата, но дека успешно бил излечен.
Според новинарите на „Билд“, шпекулациите за ова се појавиле во декември 2021 година кога Нојер бил виден со сомнителни лузни на лицето.
„Имав три операции за да преживеам, но го победив ракот на кожата. На крајот имав многу среќа“, изјавил Мануел Нојер.
Со цел да им помогне на другите решил да открие што му се случувало минатата година. Верува дека туморот го добил поради кремата за сончање.