Top Sport

Нојер ја одби ФИФА: Ќе носи капитенска лента со боите на виножитото

ФИФА во последен момент пред Светското првенство реши да донесе нова одлука поврзана со капитенските ленти на турнирот во Катар. Објави серија сопствени дизајни на ленти, со пораки од различни кампањи како што се #SaveThePlanet и #ProtectChildren.

Но, од таборот на четирикратните светски шампиони веќе ги одбија лентите понудени од ФИФА. Капитенот на Германија, Мануел Нојер, ќе носи лента од кампањата „Една љубов“ што ја започна Холандија. На таа лента има срце со бои на виножитото и името на кампањата.

За разлика од многу општите слогани на ФИФА кои беа предложени во последен момент, кампањата „Една љубов“ има за цел да го истакне проблемот со кршењето на правата на сексуалните малцинства во Катар. Дел од од оваа кампања покрај Германија и Холандија ќе учествуваат и Англија, Белгија, Данска, Франција, Швајцарија и Велс.

Scroll to Top