Иако Мануел Нојер вели дека не може да замисли да игра за друг клуб освен за Баерн Минхен, тој признава дека модерниот фудбал може да му донесе изненадување и тој да заигра надвор од Германија.
Германските медиуми подолго време шпекулираат дека Баерн веќе нашле замена за 33-годишниот Нојер во Александер Нубел од Шалке, кој би требало да пристигне во јуни, и иако младиот голман би учел од Нојер додека не го замени, ветеранот признава дека е можно да замине од Баварија.
Нојер, кој има 92 настапи за германската репрезентација е во Баерн по трансферот од Шалке во 2011 година.
„Никогаш не сум кажал дека ќе ја завршам кариерата во Германија, но исто така не сум кажал дека ќе заминам од Баерн. Во моментов не можам да замислам да играм за друг клуб, но фудбалскиот бизнис е брз. Можеби ќе ме ’грабне’. Убаво ми е во Баварија и во околината и не би приморувал трансфер и би сакал да имам работа која ме предизвикува по крајот на кариерата“, вели Нојер во интервју за магазинот „Кикер“.