Top Sport

Бепе Јакини на кормилото на Фиорентина

Фиорентина официјално го потврди поранешниот прв човек на Сасуоло и на Сампдорија, Бепе Јакини како нов тренер по отказот кој го доби Винченцо Монтела по 4:1 поразот од Рома во петокот.

„Би сакал да му се заблагодарам на Винченцо Монтела за посветеноста и професионализмот кој го покажа, но за жал нашата позиција на табелата не примора да направиме промена. Го избравме Јакини бидејќи е одлична личност со силни врски со Фиорентина и Фиренца“, изјави сопственикот на тимот, Роко Комисо.

55-годишниот Јакини, кој ќе биде претставен на 28 декември, има огромно искуство, остварувајќи четири влегувања во Серија А со Киево, Бреша, Сампдорија и Палермо. Тој помогна Сасуоло да опстане во сезоната 2017/18, но во март беше отпуштен од Емполи по само четири месеци. Јакини има 126 настапи за Фиорентина од 1989 до 1994 година.

Scroll to Top