Top Sport

Нојер се повлекува од репрезентацијата?

Мануел Нојер планирал да најавува повлекување по ЕУРО 2020 година. За „Билд“ тој потврдил дека не размислува да се повлече од репрезентацијата туку и да ја заврши кариерата.

„Не сум сигурен дека ќе бранам по ЕУРО 2020. Многу фактори ќе влијаат врз мојата конечна одлука. Треба да видам како ќе функционира моето тело на оваа возраст“, рекол Нојер.

Свестскиот првак со Германија во националниот тим е од 2009 година. Изминатите денови неговото име чсто се споменува во германската јавност поради „војната“ што со зборови ја води со колегата Марк-Андре Тер Штеген.

Голманот на Барселона е незадоволен од статусот што го има во националниот тим. Тој не сакал повеќе да му биде резерва на Нојер.

Бидејќи во јавноста го изразил незадоволството, Нојер на помладиот колега јавно му сугерирал дека те е тој што треба да реи кој ќе брани и дека со своите коментари покажал непочитување кон останатите голмани.

Scroll to Top