Top Sport

Нојер за грешките на Кариус: Тоа беше тажен ден за сите голмани

Ветеранот на голот на Баерн Минхен, Мануел Нојер го поддржа поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус, откако неговите бизарни грешки го одбележија минатогодишното финале на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид.

Пред гостувањето на Баерн во Ливерпул, Нојер се потсети на ситуацијата во која неговиот сонародник беше виновен за барем два од трите гола на Реал Мадрид. Кариус оттогаш замина од „Енфилд“ како позајмен фудбалер во Бешикташ, каде што делумно грешките се повторија.

„Тоа беше многу тажен ден за голманите. Ние го гледавме мечот со колегите од репрезентацијата и сакавме само сè да биде во ред. Беше многу тажно“, вели Нојер во интервју за „ЕСПН“.

Кариус речиси сигурно нема да се врати на „Енфилд“, каде што прв голман е Бразилецот Алисон Бекер.

„Ми се допаѓа неговиот стил. Го гледав додека бранеше за Рома и со бразилската репрезентација и навистина врши добра работа. Секој кој гледа фудбал знае дека мечот во Ливерпул ќе има луда атмосфера. Дали тоа е важно? Секако, мене секогаш ми се допаѓа кога фановите се толку блиску до голот, освен што не е лесно да зборуваш со соиграчите“, додава Нојер.

Кариус бранел лошо бидејќи имал потрес на мозокот!?

Scroll to Top