Top Sport

„Нокаут“ за 10 минути – Сити го искористи „подарокот“ од Алаба за 2:0 водство против Реал

Реал Мадрид повторно беше шокиран на „Етихад“, откако по само 10 минути игра губат со 2:0 од Манчестер сити во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Прво, Кевин де Брујне ги „стресе“ „кралевите“ уште во 2. минута по фантастичната асистенција на Ријад Марез, за во 11. минута од мечот Габриел Жесус да зголеми на 2:0 по лошата реакција на Давид Алаба во одбраната на гостите. Фуриозен почеток на „четата“ на Пеп Гвардиола.

Scroll to Top