Top Sport

Мициќ и Ларкин ги кренаа Ефес – на една победа од пласман на Ф4

Актуелниот шампион од Евролигата, Анадолу Ефес стигна до 77:65 победа над Олимпија Милано, за да поведат со 2:1 во четврт-финалната серија и да дојдат на еден триумф од трет последователен пласман на Фајнал фор турнирот.

Василије Мициќ имаше 20 поени и 5 асистенции, Тибор Плајс додаде 17 поени и 5 скока, додека Шејн Ларкин со своите 16 поени беше клучен при 16:2 серијата на турскиот клуб во последните пет минути со која се обезбеди победата.

Ефес имаа одличен старт на мечот, и 14 поени рзлика, но гостите со фантастична прецизност успеаја да поведат со 60:59, пред да почне финалната серија на турскиот клуб. Кај Армани, Девон Хол беше најдобар со 16 поени, додека Џеријан Грант додаде 11 поени.

Scroll to Top