Top Sport

Норич го исфрли Тотенхем на пенали за пласман во четврт-финалето на ФА купот (видео)

Норич оствари сензационален пласман во четврт-финалето на ФА купот, откако по изведувањето на пенали успеа да го добие Тотенхем на гости, и сега го чека подобриот од мечот Дерби каунти/Манчестер јунајтед во борба за полуфинале.

Херој на „канаринците“, на кои им се заканува испаѓање во Чемпионшип оваа сезона, беше голманот Тим Крул, откако Тотенхем не успеа да реализира три пенали, за уште еден удар за тимот на Жозе Мурињо, кој најверојатно останува без трофеј во првата полу-сезона со Тотенхем, дококу не направат чудо и го совладаат РБ Лајпциг на гости.

Додека траеше пенал-драмата, се направи и ждрепката за четврт-финалето на натпреварувањето, во која најинтересен дуел е тој помеѓу Лестер и Челси. Носителот на титулата, Манчестер сити гостува кај Њукасл, додека Шефилд јунајтед игра со Арсенал.

ФА КУП, 1/4 ФИНАЛЕ

Лестер – Челси

Шефилд јунајтед – Арсенал

Њукасл – Манчестер сити

Норич – Дерби каунти/Манчестер јунајтед

Scroll to Top