Норвешката фудбалска репрезентација нема да биде дел од Мундијалот во Катар, откако ниту со Ерлинг Халанд не успеаја да ги минат квалификациите. Ова не им пречеше да ја покажат својата моќ над Ерменија победувајќи ги со неверојатно 9:0 во пријателски меч.
Исходот на мечот беше најавен во 17. минута кога Арман Ховханисјан доби директен црвен картон, оставајќи ја својата репрезентациј со 10 играчи. Казната следуваше бргу – Ерлинг Халанд во 24. минута го отвори резултатот, пет минути подоцна Џошуа Кинг од пенал зголеми на 2:0, пред Торствед во 30. минута и Кинг со вториот гол во 34. минута да зголемат на 4:0, пред Халанд да даде уште еден гол во 45. минута за 5:0 на полувреме.
Во второто полувреме Кинг го комплетираше хет-трикот во 58. минута, Дели зголеми на 7:0 во 80. минута, Сорлот стрелаше во 86. и 92. минута за 9:0.