Top Sport

Реал се интересирале за Фекир

Пред две години му пропадна трансферот во Ливерпул, но како стојат работите судбината ќе му се оддолжи на Набил Фекир. Францускиот фудбалер кој во летниот преоден рок направи изненадувачки трансфер од Лион во Бетис, кариерата би можел да ја продолжи во Реал Мадрид, барем така тврдат шпанските медиуми.

Бетис минатото лето плати 20 милиони евра за фудбалерот на кого во 2018 година во последен момент му пропадна трансферот во Ливерпул за 70 милиони евра. Фекир се пресели во Бетис, но во договорот има клаузула дека од наредната продажба Лион ќе добие 50 отсто од парите.

Инаку трансферот на Фекир во Ливерпул пропаднал бидејќи фудбалерот не ги минал лекарските прегледи, според информациите од „Енфилд“, додека од Лион тогаш информираа дека Ливерпул се обидувале да ја намалат цената, дека намерно одолговлекувале поради што тие решиле да стават рампа на овој трансфер.

Фекир игра сјајно во Бетис, досега во сезоната има забележано седум гола и шест асистенции.

Шпанците тврдат дека Реал го понудиле Дани Себалјос и 25 милиони евра за услугите на Фекир.

Scroll to Top