Најдобрата македонска фудбалска репрезентација на 11 ноември ќе одигра пријателски натпревар со селекцијата на Норвешка на арената „Филип Втори“ во Скопје.
Македонија досега има одиграно три натпревари против Норвешка, два квалификациски и еден пријателски и сè уште е без победа против оваа скандинавска селекција.
Во квалификациите за СП 2010 година дуелот без голови во Скопје, додека на гостувањето во Осло, Норвешка, славеше со 2:1. Во 2013 година на пријателски натпревар во Осло Македонија загуби со 2:0.
На најновата ФИФА-листа, која беше објавена во понеделникот, Норвешка е рангирана на 58., а Македонија на 85. место.