Голем кикс на фудбалската селекција на Норвешка против селекцијата на Латвија попладнево во Осло. Норвежаните без првата ѕвезда Ерлинг Халанд не успеаја да постигнат гол против Латвијците – мечот заврши 0-0.
Иако бројот на удари упатени кон головите беше 25-6, иако процентот на посед на топка изнесуваше 71-29 во корист на домаќините, сепак мрежите останаа незатресени.
Во 80 минута Норвежанецот Елјонузи постигна гол, но по ВАР асистенција истиот беше поништен поради офсајд.
Со загубените 2 бода, Норвешка на коло до крајот останува на третата позиција затоа што Турција профитираше од грешката на конкурентите.
Турците во Истанбул со 6-0 славеа против аматерите од Гибралтар и со трите бода се искачија на втората позиција на табелата во групата Г која води во баражот за СП.
Головите за домашната селекција беа дело на Актуркоглу (11 минута), Дервисоглу (38 и 41), Демирал (65), Дурсун (85) и Мулдур (84).
На коло пред крајот на циклусот Турција и Норвешка имаат по 18 поени на втората, односно третата позиција, но Турците имаат гол разлика 25-15, за разлика од Норвежаните кои се за еден гол покуси (15-6).
Во истата група, Холандија вечерва гостува кај Црна Гора и со победа може да го обезбеди првото место во групата.
Разврската во оваа група се очекува во последното коло.
Турција гостува кај Црна Гора, а Норвешка оди на гости кај Холандија.