Top Sport

Норвешката врска ќе го однесе Халанд во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед имале најголеми шанси да го ангажираат младиот напаѓач на Салцбург, Алф-Инге Халанд.

Норвеѓанецот сезонава има постигнато 12 гола на десет натпревари, а со шест гола по три кола е најдобар стрелец во Лигата на шампионите.

Младиот голгетер веќе е предмет на интерес на неколку врвни европски клубови.

Наполи неодамна играа против Салцбург и покажаа интерес за Халанд, меѓутоа сметаат дека нема да имаат шанси да стигнат до неговиот потпис.

Скаутот на Наполи, Лорис Бони, смета дека најголеми шанси за потписот на Халанд имаат Манчестер Јунајтед.

„Момчето веќе игра за голем клуб, Салцбург е одличен тим, но секако дека тоа ќе биде само чекор во неговата кариера. Доколку неговиот сонародник Оле Гунар Солксјер остане во Јунајтед, мислам дека ќе замине таму. Солскјер прв му даде шанса во Молде“, рекол Бони за „Кориере дело Спорт“.

Scroll to Top