Top Sport

Чакарески повеќе не е директор на машките селекции

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и директорот на машките селекции договориле прекин на соработката.

„Ракометната федерација на Македонија ја известува спортската јавност дека во координација со директорот на машките репрезентации Милчо Чакарески, заеднички донесоа одлука за прекин на досегашниот ангажман“, стои во соопштението на РФМ.

Чакарески ја извршуваше функцијата спортски директор во период од март 2016 до септември 2019. Решил да се повлече од функцијата поради персонални професионални ангажмани.

Во периодот кој следува УО на РФМ ќе постави нов вршител на функцијата.

Scroll to Top