Top Sport

Норвежаните му забраниле на Халанд да дава изјави

Челниците на Фудбалската федерација на Норвешка, во пресрет на баражот со Србија за пласман на ЕУРО 2020, му забраниле на Ерлинг Халанд да дава изјави пред баражот.

Норвешка и Србија во полу-финалето ќе играат во Осло, а изјава од Халанд ќе може да добие само телевизијата „ТВ2“, која ги има правата за реализација на преносот.

Натпреварот на програмата е на 26 март, а победникот во завршниот меч за пласман на ЕП ќе игра со победникот од мечот помеѓу Шкотска и Израел.

Халанд зад себе има неверојатна сезона која ја започна во дресот на Салцбург, а во ист ритам продолжи и во Борусија Дортмунд.

На три натпревари во Бундеслигата 19 годишниот Норвежанец има постигнато седум гола. Претходно за Салцбург постигна 28 гола на 22 натпревари.

За Норвешка досега има одиграно само 80 минути, гол нема постигнато.

Scroll to Top