Top Sport

Носителите на ТВ-правата ги замрзнаа исплатите кон клубовите од Серија А

Компаниите кои ги имаат правата за италијанската прва лига, Серија А, вклучувајќи ги и „Скај“ одбиваат да ја исплатат последната рата која клубовите треба да ја добијат поради паузата поради корона вирусот, тврди „Евроспорт“.

Серија А беше прекината на 9 март, но неодамна сите 20 клубови гласаа за комплетирањето на сезоната 2019/20, секако без гледачи. Италијанската влада уште не одлучила дали да даде дозвола за ова, иако оваа недела дозволи постепено враќање на тренинзи.

„Скај“, спортската дигитална платформа „ДАЗН“ и спортската агенција „ИМГ“ не исплатиле околу 220 милиони евра од последната рата, велат изворите, иако клубовите ги очекувале парите до крајот на оваа недела. Ова е дел од договорот од 1.3 милијарди евра годишно кои ги добиваат клубовите со тригодишниот договор кој истекува следната сезона.

Носителите на правата презентирале на Серија А неколку предлози за намалување на сумата која треба да се исплатат, нешто што клубовите го одбиле. За во среда е закажан состанок на сите Серија А клубови, на кој оваа тема ќе биде меѓу главните покрај плановите за рестартирање.

Scroll to Top