Top Sport

Нотингем Форест го шокираше Ливерпул

Нотингем Форест ја оствари втората победа во Премиерлигата оваа сезона шокирајќи го Ливерпул со триумфот од 1:0. Тимот на Јирген Клоп има неколку повредени фудбалери, но речиси никој не очекуваше дека ќе се сопне на ова гостување.

Борбениот тим на Нотингем Форест дојде во водство во 55.минута со голот на Таиво Авонији, а Салах, Фирмино и останатите не најдоа начин да возратат.

Нотингем Форест по овој триумф го напушти дното на табелата, а Ливерпул е на седмата позиција со 16 бода.

Scroll to Top