Вулверхемптон експресно ќе ги вратат парите вложени во трансферот на Матеус Нунес. „Волците“, на Спортинг му платија 45.000.000 евра и Нунес официјално стана најскапото засилување во клупската историја.
Вулверхемптон вложеното во Нунес ќе го врата со трансферот на Морган Гибс Вајт во Нотингем Форест.
Поранешниот европски првак, по пауза од 23 години, се врати во Премиер лигата. Летово „шумарите“ се најактивни од сите клубови во Европа. Веќе донесоа 15 нови играчи, за чии ангажаман потрошија 118.550.000 евра.
По долги преговори, тие го договорија трансферот на Гибс Вајт. За 22. годишникот, Нотингем Форест на Вулверхемптон ќе му плати 41.500.000 евра плус значителни бонуси.
Нотингем Форест со овој трансфер ќе го урне клупскиот рекорд.