Top Sport

Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат!

Традиционалното дерби на Источен Мидлендс помеѓу Нотингем форест и Лестер сити донесе до најголемото изненадување досега во ФА купот, откако второлигашот со 4:1 ги совлада „лисиците“ за да го елиминира актуелниот носител на куп-титулата од натпреварувањето.

Исходот на мечот беше решен во луди осум минути во првото полувреме во кои Форест стигнаа до 3:0 водство со головите на Цинкернагел (23.), Џонсон (24.) и Ворал (32.). Лестер вратија бргу еден гол во 40. минута преку Келечи Ихеаначо, меѓутоа Спенс во 61. минута зголеми на 4:1, по што беше нападнат од навивач на Лестер.

Инаку мечот во Нотингем беше проследен со хаос на улиците на градот во Мидлендс, откако голем број на навивачи на Лестер се тепаа со локалните жители и правеа голем проблем во локалните пабови.

Scroll to Top