Top Sport

Нотингем го рушат сопствениот рекорд за „отпадникот“ од Ливерпул, Авонији

Новиот англиски премиерлигаш, Нотингем форест се блиску до договор со Таиво Авонији во трансфер кој ќе го сруши рекордот за клубот (17.5 милиони фунти), кој по подолго време повторно е во англиската елита.

24-годишниот Авонији се приклучи на Ливерпул како голем талент во 2015, но постојано беше праќан на позајмица, пред минатата сезона да постигне 15 гола за Унион Берлин да завршат на петтото место во Бундеслигата. Унион платија 6 милиони фунти за неговиот трансфер минатото лето.

Англиските медуми тврдат дека Форест, двократниот европски шампион, имаат буџет од фантастични 70 милиони фунти за засилувања ова лето во обид да опстанат во тешката лига. Муса Нијахате од Мајнц е решение за одбраната, додека Николас Таљафико од Ајакс е друга опција. Тие исто сакаат да го добијат и голманот на Манчестер јунајтед, Дин Хендерсон.

Scroll to Top