Top Sport

Нотингем им откина нови бодови на Челси

Најавените засилувања за Челси на Греем Потер ќе дојдат во одлично време, откако „сините“ повторно загубија поени, одигрувајќи само 1:1 на гостувањето кај Нотингем форест, со што се на само осмото место на табелата со седум поени зад топ 4 пласман и дури 18 зад лидерот Арсенал по 16 меча во Премиерлигата.

Мечот почна одлично за гостите, откако по грешката на Вили Боли, Рахим Стерлинг ги донесе Челси во водство во 16. минута, но откако не успеаја да ги искористат своите шанси пред противничкиот гол, казната пристигна во 63. минута, кога Боли се оправда со асистенција до Серж Орие за 1:1. Ова значи дека Челси останува на само една победа во последните шест натпревари во Премиерлигата, поставувајќи притисок на Потер.

За Нотингем пак, поенот значи „скок“ од 19. на 18. место со 14 поени, со што се израмнети со 17-пласираниот Вест хем.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top