Кристофер Атертон, член на Гленавон од Северна Ирска, влезе во фудбалската историја на Велика Британија.
Атертон стана најмладиот играч во Обединетото Кралство кој дебитирал за првиот тим во професионалните натпреварувања. Момчето кое се уште оди во основно училиште дебитираше на возраст од 13 години и 329 дена.
Тој го надмина 42 години стариот рекорд на Имон Колинс, кој дебитираше за Блекпул на 14 години и 323 дена во дуелот против Килмарнок во септември 1980 година.
За работите да бидат уште подобри за Атертон, неговиот прв допир со топката беше асистенција за голот на Џек Мелоун. На крајот, неговиот Гленавон победи со 6:0 против Долингстон во натпреварот од Купот на Северна Ирска.
Рекордер во англиската Премиер лигата е играчот на Ливерпул, Харви Елиот, кој дебитираше на 16 години и 30 дена.