Top Sport

Нов дуел на Атлетик и Реал – Ждрепката ги спои во четврт-финалето на Купот

Атлетик Билбао го добија Реал Мадрид за противник во четврти-финалето, во Купот на Кралот. Оваа фаза во шпанскиот Куп ќе понуди уште едно дерби, Реал Сосиедад-Бетис.

Ждрепката не им беше наклонета на Атлетик Билбао и Реал Мадрид. Сигурно е дека се надеваа на полесни противници, по синоќешните тешки победи во осмина-финалето. Двата тима играа продолженија, Атлетик ја победи Барселона со 3:2, а Реал славеа победа во Елче 2:1.

Од почетокот на сезоната, Атлетик и Реал одиграа три натпревари. Сите ги добија играчите на „кралскиот клуб“, дуелите во првенството со 1:0 и 2:1 и финалето во Суперкупот со 2:0.

Четврт-финални довјки:

И во четврт-финалето се игра само еден натпревар. Дуелите ќе се играта од 1. до 3.февруари. Една недела подоцна се закажани првите полу-финални натпревари. Финалниот натпревар ќе се игра во Севилја на 23.април.

Scroll to Top