Top Sport

Нов гол на Халанд, Сити не успеа да го победи Евертон

Ерлин Халанд ја продолжи голгетерската серија, но овој пат не успеа да му донесе триумф на Манчестер сити. „Грашаните“, неочекувано киксираа домашен терен во дуелот со Евертон.

Манчестер сити по ремито 1:1 со Евертон, има четири бода помалку од Арсенал. Тимот од Лондон ќе ја затвори оваа 2022 година во Премиер лигата, со гостувањето во Брајтон.

Халанд го постигна голот за Сити, негов 21. оваа сезона во Премиер лигата. Евертон, кој во текот на целиот меч беше во подредена положба израмни со брилијантниот гол на Греј во 64.минута.

Фулам го победи Саутемптон со 2:1, со голот на Палиња во 88.минута. Претходно Ворд-Праус постигна авто-гол, а потоа го израмни резултатот на 1:1. Инаку, Митровиќ во 96.минута не реализра пенал за Фулам.

Кристал Палас победија на гостувањето кај Борнмут. Екипата на патрик Виера работата ја заврши во периодот од 19. до 36.минута кога по гол постигнаа Ају и Езе.

Њукасл ја прекина серијата на победи во момент кога никој не го очекуваше тоа. „Страчките“ ремизираа на домашен терен со Лидс (0:0). И покрај ремито, Њукасл останаа на третата позиција на табелата.

Scroll to Top