Top Sport

Нов гол за Елмас, одбраната на Парма настрада од Македонецот

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас по вторпат сезонава се запиша во листата на стрелците во Серија А. Денеска е стартер во составот на Гатузо против Парма во Неапол.

Се играше 32 минута кога Елмас од 40-тина метри тргна со топката кон противничкиот гол, беше запрн на 16 метри, но успеа да ја задржи контролата и прецизно да бие во левиот долен агол за водство на Наполи од 1-0.

Погледнете:

Scroll to Top