Top Sport

Нов кандидат за „утка“ на годината

Напаѓачот на грчки ПАОК, Чуба Акпом е кандидат за промашување на годината.

ПАОК во првото коло на грчкото фудбалско првенство на домашен терен со 1-0 славеше против АЕЛ со голот наа Цолис во 16 минута, но мечот останува запаметен по „утката“ на Акпом во 62 минута.

Пелкас продре по десната страна, одбраната беше неутрализирана, па следуваше одлично додавање до напаѓачот. Голманот остана на прва статива, голот беше празен, па Акпом требаше само да ја турне топката во мрежата.

Се сплетка и топката му помина низ нозете.

Scroll to Top