Милан втор натпревар во низа во Серија А одигрува само нерешено со нископласиран тим, откако Удинезе ги исфрустрира во 1:1 ремито на „Сан Сиро“ и дозволи вечерва градските ривали Интер да се искачат на првото место на табелата со победа кај Џенова (со ист број на поени, но со подобра гол-разлика).
По 2:2 ремито со последнопласираниот тим на Салернитана минатиот викенд, од „росонерите“ се бараше реакција на мечот со Удинезе, и на почетокот изгледаше дека фановите го добија тоа. Сандро Тонали му асистираше на Рафаел Леао, кој со одличен потег во шестнаесетникот во 29. минута од мечот ги донесе Милан во водство против дефанзивниот противник.
Меѓутоа, откако доминацијата во поседот на топката не донесе зголемување на водството, во 66. минута од мечот, младинскиот италијански репрезентативец Дестини Удоџи најдобро се снајде во шестнаесетникот и израмни за гостите.
Резултатот го остава Милан лидер со 57 поени, три пред Интер (кој има два натпревари помалку) и Наполи (со натпревар помалку). Удинезе се на 15. место со 26 поени, четири поени над зоната за испаѓање.