Top Sport

Точно 20 години од последниот „англиски“ тим во Премиер лигата

Денеска се одбележува точно 20 години од последниот меч во кој еден клуб од Премиер лигата имаше 11 англиски фудбалери на теренот.

Мечот за кој се работи е дуелот меѓу Астон Вила и Ковентри сити (два тима кои сега не се во Премиер лигата) и во кој Вила загуби со 1:4 на „Вила парк“. Тогаш во составот на домашниот тим беа следните Англичани: Мајкл Оукс, Сајмон Грејсон, Рикардо Шимека, Герет Саутгејт, Алан Рајт, Пол Мерсон, Ли Хендри, Јан Тејлор, Стив Вотсон, Дион Даблин и Џулијан Џоаким. Тренер на тимот беше Џон Грегори, сега тренер на индискиот клуб Ченаијин.

Даблин го постигна голот за Вила од пенал, додека Џон Алоизи и Џорџ Боатенг постигнаа по два гола за Ковентри, тим кој сега „живурка“ во третата лига.

Scroll to Top