Русија загуби на гостувањето кај Австрија во Инсбрук со 1:0, резултат кој сигурно нема да ги убеди домашните фанови на Мундијалот, кои признаваат дека Русија е можеби најслабата репрезентација на СП.
Единствениот гол на мечот го постигна Алесандро Шоф на асистенција на Марко Арнаутовиќ во 28. минута за победа на тимот на Франко Фода.
Русија е во група со Саудиска Арабија, Уругвај и Египет и го отвара првенството со меч со Саудијците на 14 јуни. Русија е само 66. на ФИФА рејтинг-листата, најмногу поради тоа што како домаќин не ги играше квалификациските мечеви за првенството.
Фото: ЕПА