Top Sport

Роналдо го купува Реал Валјадолид

Легендата на бразилскиот фудбал, Роналдо Назарио да Лима е подготвен да го купи тимот на Реал Валјадолид, објавува бразилскиот весник „О Глобо“.

Роналдо, кој со Бразил го освои Светското првенство во 2002 година, а играше во Барселона, Интер и Реал Мадрид, е подготвен за шпанскиот второлигаш да одвои 30 милиони евра, и веќе преговара со претседателот на клубот Карлос Суарез.

Според „Марка“, Суарез потврдил дека со таа сума поранешниот шпански прволигаш би бил „откупен“. „Ил феномено“ има врски со Валјадолид преку потпретседателот на клубот Хозе Моро, кој е негов бизнис партнер во компанијата за производство на вино, „Сепа 21“.

Scroll to Top