Top Sport

Нов малер за Барса – се повреди и Усман Дембеле

Барселона никако немаат среќа со повредите на Усман Дембеле, откако каталонскиот гигант потврди дека францускиот репрезентативец ќе пропушти повеќе од еден месец поради нова повреда добиена во првиот меч од сезоната.

Дембеле би требало да паузира околу пет недели поради истегнат бутен мускул, велат од Барселона, откако Французинот ги одигра сите 90 минути од првото коло во Ла лига против Атлетик Билбао, меч кој шампионот го загуби со 1:0 со гол во финишот на натпреварот.

Ова е втор „удар“ за Барса на стартот на сезоната, откако Лионел Меси паузираше од првиот меч поради повреда, но не и прва повреда за Дембеле, чија кариера на „Ноу Камп“ е одбележана или со доцнење на тренинзи или со повреди.

Scroll to Top