Top Sport

Му се изнасмеаја на најскапиот дефанзивец на светот (видео)

Манчестер јунајтед платија 80 милиони фунти за Хери Мегвајр и го направија најскап дефанзивен фудбалер во историјата на фудбалот, така што сега секоја негова грешка ќе се „врти“ долго, посебно кај навивачите на англиските ривали.

Мегвајр во дуелот со Вулверхемптон успеа да биде „поминат како мало дете“ откако Раул Хименез го совлада него откако прво лесно го помина и Лук Шо. Сепак, засега мирува мрежата на Јунајтед и тие имаат 1:0 водство на полувреме на тешкото гостување.

Scroll to Top