Top Sport

Нов малер за Јовиќ во Реал – пак се повреди!

Се врати српскиот фудбалски репрезентативец Лука Јовиќ од позајмицата во Ајнтрахт Франфурт во редовите на Реал Мадрид со намера да се наметне кај новиот кормилар Карло Анчелоти. Сепак повторно пех за Србинот.

Веќе во првата тренажна недела доживеа нова повреда на бутниот мускул, па од вчера тренира индивидуално.

Кралскиот клуб годишно издвојува по 10 милиони евра (бруто) плата за него, половина од тие пари одат на неговата сметка.

Не е исклучена опцијата за негова продажба. Реал не може ниту одблизу да очекува да ги врати вложените 60 милиони евра за Јовиќ затоа што неговата цена сега се движи околу 20 милиони евра.

Поранешниот играч на Црвена Звезда, Бенфика и Ајнтрахт е под голем притисок на јавноста и навивачите, очекувањата се големи, но нема крај на проблемите со повредите.

Scroll to Top