Top Sport

Нов малер за Умтити – го ограбија додека тој гледаше Барселона-Валенсија

Како во повеќе случаи досега, кога фудбалерот на е на своето работно место, односно на фудбалскиот терен, крадците наоѓаат совршена шанса за напад.

Овојпат жртва е дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити, кому во последно време едноставно не му оди – тој го повреди стапалото и ќе отсуствува од терените најмалку шест недели. Тој беше на „Ноу Камп“ да го гледа својот тим како стигнува до 5:2 победа над Валенсија, а во меѓувреме четири крадци влегле во неговиот дом и му го ограбиле сефот. Неговите соседи ја повикале полицијата кога ја виделе влезната врата целосно отворена, а полицијата го истражува случајот.

Ова не е првпат фудбалерите на Барселона да се мета на криминалци. На Бразилецот Артур му се случи грабеж во кој крадците му се заканувале на неговиот брат, додека Жорди Алба по грабежот во неговиот дом реши да се пресели.

Scroll to Top