Top Sport

Нов нокдаун за ПСЖ во Монако, ќе „преживее“ ли Почетино?

Пари Сен-Жермен како да не можат да се опорават од испаѓањето во Лигата на шампиони, откако загубија со убедливи 3:0 на гостувањето кај Монако на „Луј Втори“ во загрижувачки пад на формата на тимот на Маурисио Почетино.

Иако во претходното коло со 3:0 ги совладаа последнопласираните Бордо (на меч на кој беа исвиркани Лео Меси и Нејмар), ова е трет пораз во последните пет натпревари во Лига 1 за ПСЖ, и иако имаат дури 15 поени предност пред Олимпик Марсеј на табелата, иднината на Почетино на клупата на богатиот клуб е многу неизвесна.

Најавата за катастрофата почна во 25. минута, кога по одличната асистенција на Јусуф Фофана, Висам Бен Једер постигна фантастичен гол за водство на „кнезовите“. Во 68. минута, Кевин Фоланд само што влезе во игра зголеми на 2:0, за конечните 3:0 да бидат поставени во 84. минута од пенал, кога ударот на Бен Једер беше одбранет од Џанлуиџи Донарума, но одбиената топка заврши во голот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top