Top Sport

Нов обложувачки скандал во Италија: Многу ѕвезди се под истрага

Нов скандал во врска со местење натпревари го тресе италијанскиот фудбал. Под истрага се многу познати имиња.

Локалната „Ла Република“ внимателно ја следи целата ситуација, а споменатиот медиум наведува дека се појавила нова група осомничени поради одлуката на надлежните органи да ги пребараат телефоните на Сандро Тонали и Николо Фаџоли.

Овие двајца ги отслужија казните за учество во нелегално обложување (Тонали 10 месеци, Фаџоли седум месеци), а содржината на нивните мобилни уреди, на обвинителството во Милано му „препорача“ дури 12 нови имиња.

Во извештајот се споменува дека фудбалерите плаќале огромни суми на нелегални платформи за обложување, а посредник била миланската златарница „Елизијум“.

Надлежните ги пронашле имињата на Алесандро Флоренци (Милан) и Матео Канчелиери (Парма) во табелата за исплата на долгови кон споменатата златарница.

На листата на осомничени се легендарниот крилен играч и поранешен играч на Јувентус, Анхел Ди Марија, како и Николо Заниоло (Фиорентина), Вестон Мекени (Јувентус), Раул Беланова (Аталанта), Самуеле Ричи (Торино), Матијас Перин (Јувентус), Жуниор Фирпо (Лидс) и Леандро Паредес (Рома).

Фаџоли во текот на истрагата признал дека побарал финансиска помош од клупскиот колега Федерико Гати, но и од Раду Драгушин. Двајцата, сепак, не се осомничени.

Споменатите Тонали и Фаџоли повторно се предмет на истрага, а Заниоло изјави дека никогаш не се обложувал на фудбал, туку исклучиво на тенис и казино.

Се уште не е познато кои тенисери се дел од широка нелегална обложувачка мрежа, а миланскиот обвинител во текот на тековниот процес заплени 1.500.000 евра.

Scroll to Top