Top Sport

Нов пех за Геце – во „аут“ шест недели!

Марио Геце ќе биде во аут шест недели откако доби повреда на скочниот зглоб во саботното 4:4 реми во дербито на Рур против Шалке.

Геце го постигна третиот гол за Борусија Дортмунд за неговиот тим да дојде до 4:0 водство, пред да им се случи „колапс“ во второто полувреме на „Сигнал Идуна парк“ и да одиграат 4:4. Геце беше заменет во 78. минута од Гонзало Кастро.

„Марио Геце ќе биде во аут поради скинати лигаменти во горниот и долниот дел на десниот скочен зглоб. Тој нема да може да игра шест недели. Брзо опоравување, Марио“, напишаа Борусија на официјалниот Твитер профил.

Геце, кој стана славен со постигнувањето на победничкиот гол на СП во 2014 година против Аргентина, се бори со повреди и со физичка подготвеност по враќањето во Дортмунд од Баерн Минхен во 2016 година. 25-годишниот напаѓач имаше повреди на бутниот мускул и коленото од август до декември 2016, пред да го пропушти вториот дел од сезоната поради проблеми со метаболизмот.

Борусија како Ливерпул – од 4:0 на 4:4 (видео)

Scroll to Top