Фудбалерите на Леванте и по 13.коло немаат победа во Ла Лига. Седмиот пораз во првенството Леванте го доживеа од Алавес (2:1). Херој на Алавес е Хоселу кој ги постигна двата гола. Екипата чии дрес го носи Енис Барди е последна на табелата со само шест бода.
Леванте, во Виторија, водеше од 13. до 77. минута со голот на Де Фрутос. Алавес израмни од пенал преку Хоселу, а истиот играч во 91.минута стави точка на натпреварот.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди го одигра целиот натпревар за Леванте.