Top Sport

Нов пораз на Леванте на Енис Барди (видео)

Леванте загуби со 2:1 на гостувањето кај Валјадолид за продолжување на лошата низа на резултати. Клубот на македонскиот репрезентативец Енис Барди сега има пет меча без победа во Ла лига и по шест кола има само четири освоени поени за да биде на 17. место на табелата.

Леванте прв дојде во водство преку Постиго, кој беше најснаодлив по еден корнер за гостите во 48. минута. Но, Валјадолид бргу врати преку Енес Унал само две минути подоцна за прв домашен гол на тимот кој од неодамна е во сопственост на бразилската фудбалска легенда Роналдо.

Откако Вукчевиќ доби втор жолт картон во 54. минута, Валјадолид ја презеде контролата на мечот и преку Начо само две минути подоцна стигна до победата.

ЛА ЛИГА, 6.КОЛО

Алавес – Хетафе 1:1

Валјадолид – Леванте 2:1

Scroll to Top