Top Sport

Нова „нула“ за Милан, нови главоболки за Гатузо (видео)

Милан трет натпревар во низа во Серија А добива само бод, откако Емполи успеа со гол од пенал да се врати за 1:1 реми во четвртокот. Со овој поен, тимот на Џенаро Гатузо се наоѓа на 14. место во лигата, со само една победа во пет натпревари оваа сезона.

Без повредените Гонзало Игуаин, во игра беше Фабио Борини, додека Диего Лаксалт дебитираше во првиот состав.

Лукас Биља уште во 10. минута упати фантастичен удар, кој го „закачи“ дефанзивецот на Емполи, Капеци за рано водство на „росонерите“, но тоа беше речиси сѐ што успеаја да направат Милан во првото полувреме. Антонино Ла Гумина имаше одлична шанса во првото полувреме, а Капуто ја погоди пречката, а Милан во првото полувреме имаше уште една шанса преку Џек Бонавентура.

Во второто полувреме, Емполи конечно стигна до израмнување во 71. минута, кога Капуто беше сигурен од белата точка. Емполи никогаш го нема победено дома Милан во Серија А и сега има 0-7-6 скор против великаните.

Фото: ЕПА

Scroll to Top